Film & Video

Во Kултурно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб на 14-ти ноември: Мултимедијален проект Ризом-X

Во Kултурно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Загреб на14-ти ноември (понеделник) со почеток од 19 часот, ќе биде изложенмултимедијалниот проект „Ризом-X. Креатори на проектот се авторките Вероника Камчевска и Ана Димчевска Семенпеева во соработка со аудио дизајнерот Горан Москов.

РИЗОМ-X  е мултимедијален проект кој низ спацијално аудио-визулени својства ја истражува човековата адаптација низ даденост на реалитети. Авторите ја анализираат интранзитивноста на сликата која може, но не секогаш создава режим на визуелна естетска артикулцаија. Аудио-визуелните елементи  на „Ризом-X“ поттикнуваат моторичка активност кај спектаторот која структурализира симулативна состојба на реален елемент преку дијалектички принцип.


Ризом-X во себствениот модел е мултимедијално решение кое има за цел да ја поврзе човековата состојба и промената на менталната мапа која овозможува наметнување на технотрибализам како примарен хабитус. Низ имагинарни форми и целости, Ризом-X набљудува симуларкум на трансхумано обликување кое станува својство на логична социо-економска функционалност.

Plakat MK

Проектот интегрира уметничко видео, звучна и просторна инсталација, графика и комбинирана техника на  светлечки интервенции.


Вероника Камчевска (02.02.1987) е видео автор и истражувач на мултимедијални форми и модели. Како автор се појавува во мултимедијалниот проект Ризом-X, (2022г). Ко-креатор е на e-платформата „Covidmembrance“ (2021г), која во својата структура интегрира дигитално-визуелни форми, квантитативно-квалитативни вредности на видео арт, дигитален цртеж и дигитална писменост. Соработник е во делот на видео арт интервенција на мултимедијалниот проект „Капсид i20“ (2020, 2021г), Мала Станица, НГМ, Скопје. Во 2021 година учествува на мултимедијалниот фестивал „ALC video art“ во Музејот на современа уметност, MaCA, Аликанте Шпанија. Соработник е на мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“,  изложен во Gallery MC, Њу Јорк, 2018 година, САД.

Ана Димчевска Семенпеева (18.02.1986) е мултимедијален автор со интердесциплиниран визуелен израз во графика и скулптура. Нејзиниот уметнички интерес го истражува поврзувањето на ликовниот израз во различни медиумски форми. Вработена е во НУ Музеј на РС Македонија како конзерватор за метал. До сега има реализирано самостојни ликовни проекти и учествувано во домашни и странски групни ликовни изложби и колонии.


2009, – Групна изложба соработка со Широка стаза во Галерија Н.У.Б.С. – Белград Р

Србија;

– Самостојна изложба во Младински културен центар во Скопје РС Македонија;

2010, – Саомстојна изложба во Галерија „Богич’’ Белград Р Србија

2015, – Самостојна изложба „Зигот“ во Куршумли Ан Скопје РС Македонија

Од 2015 до 2022 Организатор и учесник на изложба на графики изработени на „Главна

сесија на графичка работилница Софија’’ во Богданци РС Македонија

2016 и 2019 Организатор и учесник на групна изложба Триенале „Графичка

работилница Софија’’ во Музеј  на град Скопје Р.С. Македонија;

2016, 1- во Интернационално Графичко Биенале – Друштво за ликовни уметности во Музеј на Град Скопје РС Македонија;

2021, Самостојна изложба „Геном-апотеоза на линијата“,  Центар за култура во

Гостивар РС Македонија

2022, Мултимедијален проект Ризом-X, Културно информативен центар на РС Македонија во Загреб.

Горан Москов (14.02.1985г) е аудио дизајнер кој работи на арт инсталации, експериментални и документарни филмови. Автор и соработник е на мултимедијалниот проект „Ризом-X“, (2022г). Kако главен аудио дизајнер и композитор на оригинална музика работи на мултимедијалната платформа „Covidmembrance“, (2021г). Создава звучен дизајн за мултимедијалниот проект  „Капсид i20“, реализиран 2020/21 година  во Мала Станица, НГМ.

Во 2019-та година создава оригинална музика за документарниот филм „Медула“. Креира звучна поддршка за уметничкото видео „C/11“, дел од мултимедијалниот проект „1/2 Состојба“, ( 2018г) прикажан во Gallery MC, Њу Јорк.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …