Почна кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците

Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија од денеска почнуваат кампања „Празнувај одговорно” за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

Пред нас е најубавиот период во годината, познат по големите семејни слави и новогодишни прославувања. Традиционално, овие деновие за сите нас значеа големи собири со семејствата и пријателите. Но, годинава е одбележана од светската пандемија на Covid-19.
Министерството за здравство, уште еднаш посочува дека крајот на оваа и почетокот на следната година претставуваат голем ризик за зголемување на и така огромната бројка заразени со Covid-19, токму поради славењето во затворен простор во големи броеви.
На сите треба да ни е јасно дека во престојниот период носиме одговорност за своето но и здравјето и животите на најблиските.
Почитувањето на мерките пропишани од Министерството за здравство останува најдобар начин за борба со коронавирусот. Да потсетиме, мерките кои се изречени се следните:
– Се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи
– Се забранува групирање на јавен простор  на повеќе од 4 лица.
– Се забранува групирање по паркови и други јавни места на повеќе од 4 лица.
– Граѓаните доколку немаат потреба да не ги напуштаат домовите по 18 часот.
Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и разбрани за важноста на овие мерки, но и да не дозволиме најубавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени.
Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките за заштита и да мислиме на своето и на здравјето на нашите сакани. Славењето може да почека – здравјето не. #ПразнувајОдговорно

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Воспитувачи, психолози, педагози, дефектолози како и родители учеа од д-р Ранко Рајовиќ за техниките за …