Починала српската актерка Љиљана Седлар, ѕвезда на серијата „Подобар живот“

Српската актерка Љиљана Седлар почина на 80-годишна возраст, јавуваат српските медиуми.
Седлар на пошироката јавност и беше позната по улогата на Дуда Павловиќ, саркастичната свекрва на Саша Попадиќ. Таа се појави во дваесет епизоди на „Подобар живот“.

This image has an empty alt attribute; its file name is liljana-sedlar-1.jpg
Љиљана Седлар ја имаше својата прва улога на големото платно во 1968 година во филмот „Под стаклено ѕвоно“, по што играше во филмовите „Кажи ми зошто ме остави“, „Татко ми на одредено време“, „Развод на одредено време“ , „Шпион на штикли“, „Жикина династија“…
Долги години беше член на Белградскиот драмски театар. Таа се пензионираше во 1998 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отворање на изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“

Вечерва со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1 во Културно Информативниот Центар во …