(ВИДЕО) „THE VOICE KIDS” – Девојче на настапот користела знаковен јазик за да може нејзината сестра да ја разбере, жирито се расплакало

Девојчето Фиа неодамна се појавила на популарното натпреварување „The Voice Kids“ во Германија, каде покрај пеењето решила да користи знаковен јазик за да, нејзината сестра која е глувонема, ја разбере.
Единаесетгодишната натпреварувачка ги расплакала членовите на жирито „The Voice Kids“ со своето појавување на таканаречените слепи аудиции, додека песната „Flashlight“ оригинално изведена од пејачката Џеси Џеј ја превела на англиски знаковен јазик.
„Ова го правам за мојата помлада сестра Емилија, која не може да зборува. Поради неа почнав да учам знаковен јазик. Оттогаш пеам на два јазика, така да се каже“, објаснило девојчето пред жирито.


Таа со својот настап особено ја изненадила членката на жирито, пејачката Лена Мајер-Ландрут, која на публиката ширум Европа и е позната како победничка на Евровизија во 2010 година.
„Не знам ни зошто не можам да престанам да плачам, но тоа навистина ме трогна. Фиа има навистина одлична личност“, изјавила Лена.
Наведено е дека ова е исклучително тежок настап, бидејќи девојчето морало два пати да го запамети текстот. Додале и дека и покрај тоа што песната е напорна, девојчето успеала да ја изведе со неверојатно чувство и дека, до сега, немале можност да видат такво нешто на натпреварот.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …