Починал актерот Макс Џулиен, ѕвездата на филмот The Mack

АКТЕРОТ Макс Џулиен, најпознат по улогата на Голди во The Mack, починал на 88-годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес, пишува TMZ.


Починал на новогодишната ноќ, а причината за смртта не е откриена. Портпаролот ја потврдил тажната вест за смртта.
„За време на неговата долга кариера, тој беше храбар, луѓето’“, се вели во изјавата.
Филмскиот продуцент и автор на стрипови Дејвид Ф. Вокер, по повод смртта на Макс, се огласил на социјалните мрежи.


„Го запознав во 1996 година. Тој беше одлично човечко суштество и имавме толку многу неверојатни разговори. Беше брилијантен, смешен и харизматичен“, напишал Дејвид.
Во филмот „The Mack“ од 1973 година, Макс го играше Голди, амбициозен макро во Оукленд кој се соочува со корумпирани полицајци и нарко бос по неговото ослободување од затвор.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …