(ВИДЕО + ФОТО) МАЈКА НА ДВЕ ДЕЦА – ПОЧИНАЛА ХРАБРАТА ДАДИЛКА КОЈА ГО СПАСИЛА БЕБЕТО ПРЕД НАЛЕТ НА КАМИОН: „Засекогаш ќе остане ангел чувар на нашиот син!“

Храбрата дадилка која беше удрена од камион во Бруклин кога спаси едногодишно бебе од несреќа, им подлегна на повредите, соопшти денеска семејството на детето.
Арсели „Сели“ Мушемп (52) починала откако од несреќата на 20. декември била во индуцирана кома.


„За жал, Сали не преживеа и умре опкружена со љубов, утеха и семејство“, напишал Патрик Мулен, таткото на детето, на веб-страницата GoFundMe, која собирала пари за трошоците за лекување на мајката на две деца.
„За мојата сопруга и мене, таа засекогаш ќе остане ангел чувар на нашиот син Руван, за кого се жртвуваше“.
Мушемп, мигрантка од Белизе, била удрена од камион додека ја преминувала сообраќајната раскрсница на улицата Унион и Петтата авенија, во близина на Слуп Парк, со количка.


Брзо била префрлена во болница каде и била опериран мозокот.
Против возачот (68) досега не е поднесена кривична пријава.

Фото: Принтскрин/GoFundMe

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Театарската претстава „Којзнае зошто?“ вечерва во Дом на млади во Штип

Вечерва, со почеток во 19:30 часот, во Домот на млади во Штип, ќе биде изведена …