Актерот Џозеф Е. Тата, најпознат по улогата на Нејт, сопственикот на „Пич пита“ во серијата „Беверли Хилс“, починал на 86-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја сподели Иан Зиринг, кој во серијата го играше Стив.
„Во последните неколку месеци ја загубивме Џесика Клајн, една од најуспешните писателки и продуценти на серијата 90210, ја загубивме Дениз Доус, која ја играше г-ѓа Тисли, и многу сум тажен што можам да споделам со вас дека и Џо Е. Тата почина. Тој беше еден од најзабавните луѓе со кои сум работел, дарежлив, мудар и добар“, напишал Иан.
Според Deadline, на Џо му била дијагностицирана Алцхајмерова болест во 2018. година.
View this post on Instagram
Глумел во повеќе од 200. епизоди на Беверли Хилс
Џо беше во серијата од 1990. до 2000. година, поточно во 238. епизоди. Неговото кафуле беше омилено место за Брендон, Бренда, Дилан и Кели.
Роден е во Њујорк, а на почетокот на кариерата глумел во „General Hospital“, „The Outer Limits“ и „Mister Roberts“. Неговата телевизиска кариера процвета кон крајот на 70-тите и раните 80-ти.
Тој е познат и по улогите во „Magnum P.I.“, „The Rockford Files“, „Hill Street Blues“, „Batman“ и „The A-Team“.
Неговата последна телевизиска улога беше во „Mystery Girls“, по што, како што рекла неговата ќерка, неговото здравје се влошило.
„Нејт беше татковска фигура за децата од Беверли Хилс. Во реалниот живот, татко ми Џозеф е чесен, полн со љубов и навистина неверојатен татко“, рекла Кели во тоа време.
Фото: Принтскрин/YouTube