Image: 753185410, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: LANDMARK MEDIA / Alamy / Alamy / Profimedia

Почина актерот кој расплака многумина во сцена од Титаник

Почина актерот Лу Палтер, најпознат по трогателната сцена од „Титаник“ која насолзи многу очи.

Според Index.hr, Палтер починал на 94-годишна возраст по тешка болест, рак на белите дробови.


Актерот најпознат по улогата во филмот Титаник се појавува при крајот на филмот кога бродот почнува да тоне. Сцената кога мажот и неговата сопруга лежат во прегратки на креветот додека околу нив блика вода, скрши многу срца.


Инаку, актерите во оваа култна сцена го отелотворија ко-основачот на продавницата Мејси, Исидор Штраус и неговата сопруга Ајда. Нивната прапра-внука е Венди Раш, сопруга на Стоктон Раш, основач и директор на OceanGate кој загина во подморницата Титан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Монодрамата „Кармен“ утревечер во Драмскиот театар во Скопје

На 11 декември 2024 година, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, …