Направете напиток кој ја лекува „најстарата болест на светот“

Гихтот меѓу луѓето често се нарекува најстарата болест на светот, постоењето на оваа форма на артритис е забележано уште од времето на древниот Египет.
Тоа е всушност воспаление на зглобовите придружено со напади на силна болка, црвенило и оток предизвикани од таложење на уринарни кристали.
Уричната киселина се произведува за време на разградувањето на пурините, а најчесто се излачува од телото преку урината. Меѓутоа, ако телото произведува зголемено количество на урична киселина или бубрезите не ја елиминираат правилно од телото, тогаш може да дојде до нејзина кристализација. Добиените остри кристали се таложат во зглобовите, најчесто во стапалата, т.е. областа на палецот и предизвикува силна болка.
Денес постојат лекови кои ја лекуваат оваа непријатна состојба, а за оние кои се повеќе наклонети кон природни алтернативи, ви донесуваме рецепт за пијалок од четири состојки со кој успешно ќе се борите против гихт. Целерот и ѓумбирот ги ублажуваат воспалителните процеси, додека краставицата ќе се справи со кристалите.

Состојки за напивка против гихт:
Грст стебленца целер (зелениот дел помеѓу коренот и листовите)
Парче свеж ѓумбир (од 2 до 3 см во големина)
Половина свежа краставица со средна големина
Сок од половина лимон по желба
Подготовка – напивка против гихт:
Целерот, ѓумбирот и краставиците ситно исечкајте ги, ставете ги во блендер и убаво измешајте. На крај додадете го сокот од половина лимон. Напитокот испијте го веднаш бидејќи најдобро е кога е свеж.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …