Во рамките на Скопско Лето 2023, MIYATTA нa 28.06 во Куршумли Ан ќе одржи солистички концерт со што ќе го промовира издавањето на нeјзиниот втор албум насловен VIDA. Успеавме да ја начекаме пред концерт и поставиме неколку прашања:
Да се навратиме на твоите најрани почетоци и допирни точки со музиката. Кога за прв емотивно влезе музиката во твоето срце?
Прво пеев, па после се друго почнав да правам и дома моите се чудеа што ќе прават со ова дете и уста што не затвора од пеење и тогаш мајка ми отиде во МКЦ да го праша тогашен Рамче на мандолинскиот оркестар што да прави дома со детево што пее?! И Рамче ја посоветува да ме запишат во нижо музичко училиште и јас така се најдов во ЛУЈ каде завршив шест години.
Српски идол беше прилично одамна. Но дали ти ги отвори некако вратите тогаш и на странската сцена?
Српскиот идол односно идолот заеднички за Македонија, Србија и Црна Гора се случи сеозната 2004-2005 тогаш од кај нас во организација на А1 телевизија, а во Србија во организација на БК Телевизија се случуваше во Белград и некако колку што ми ги отвори вратите толку и ми постави и едни стандарди како треба да изгледа една музичка кариера која што после јас никогаш не ја доживеав во Македонија. Кога дојдов тука на фестивалите и видов што се случува ме удри реалноста во глава. Тоа за мене беше меч со две оштрици, затоа што ми покажа еден гламур и ексклузивитет. Добив понуди неколку за соработка, меѓутоа јас бев веќе влезена во работен однос во контрола на летање и беше неизводливо форматот кој тие го нудеа да го прифатам.
Како се справуваш со секојдневните предизвици освен музиката?
Се справувам со многу добар Тајм менаџмент. Значи тоа малце ми е професионална деформација како контролор на летање, времето го изразувам во минути и општо ставот кон нештата ми е дека се може и за се има решение. Така тоа за мене се двете сили кои ми помагаат да ги направам невозможните работи и покрај сите обврски да се исполнам и како музичар.
Што ти претставува најголем мотив да издадеш нешто ново?
Луѓето не се свесни. Во мене постојано вирее музика и кога ќе се акумулира и натрупа многу нов материјал, тоа не е мотив туку обврска. Како космосот што ми ја праќа таа музика дека јас морам да ја спакувам, да ја донесам, и да ја издадам, така да нема некој временски параметри во смисла на секој две години албум да вадам. Првиот албум излезе 2015, сега сме 2023 тоа е доволно долго бидејќи за осум години си насобрал материјал. Сите 13 парчиња песни се внимателно избрани и ја прават приказната комплетна и целосна.
Сопруга, родител на две деца, а работно ангажирана како контролор на летање, но сепак активна и во музиката. Како функционараш се да постигнеш? Ја сакаат ли твоите деца музиката? Ги носиш ли понекогаш на проби?
Децата и сопругот точно знаат со кого живеат дома, јас сум контролор на летање тоа е малку тешко за соживот затоа што тие очекувања што ги имам од секојдневнието и од нив да функционираат како воздухопловен кадар е невозможно. Во музиката инаку имам голема подршка особено од ќерка ми која што сака да доаѓа на проби, да се качи на сцена да настапи со мене. Таа ја чувствува музиката и е прекрасен танчер. Синот има некоја продуцентска жица во себе па со него ги проверувам песните пред да одам да ги снимам. Му ја пеам во живо песната, вокалната линија ја слуша и токму тој Калин е првиот критичар кој ќе ми даде идеа как одам и да испеам поинаку. Сопругот има потоа ексклузивно право готовите песни да ги преслуша и да каже дали таа ќе биде хит или не.
Со солистички концерт во рамки на Скопско лето го промовираш издавањето на твојот втор албум насловен VIDA? Што да очекува публиката вечерва?
Солистичкиот концерт е сублимат репертоарски од двата албуми така да преку 20 песни ќе изведеме во живо со еден полн состав и публиката може да очекува една пријатна атмосфера, но полека и лансирање кон една јака мотивациска состојба, како што се надевам некоја од песните мои ги доживува публиката.
Вечерва ќе те придружуваат и големи музички имиња од македонската сцена. Сигурно е прекрасно чувството да се биде заедно со нив?! Како одлучи со кого да соработуваш?
Соработката ја базирам не на кој колку е големо име е, туку кој има енергија компатибилна со мојата, затоа што вистинското чувство да излезеш на сцена е кога ќе биде се оркестрирано во хармонија. Неможе тоа да биде постигнато ако има превирања и несогласувања. Така да сите што сум ги избрала да соработувам, се пред се луѓе во вистинска смисла на зборот, а потоа врвни музичари и луѓе кои сакаат да работат со мене.
Со мене ќе настапат:
Валентино Скендеровски – клавијатури
Кире Мирчовски – акустична/електрична гитара
Горан Гешовски – бас гитара
Ратко Даутовски – перкусии
Иво Митковски – тапани
Мартина Нанеска – придружен вокал
Елена Васова – придружен вокал
Дино Хриџиќ – придружен вокал
Теда, Фолтин, Дамир Пух, Наташа Миха, Александар Пешевски, Глигор Кондовски, Никола Стојмановиќ, Мартина Јаневска, Зоран Тортевски Бранко Илиевски се најавените гости.