Победил на квиз и освоил 15.000 евра: „Не знам што ќе правам со парите, морам да ја прашам сопругата!“

Павао Црнко од Суњ кај Сисак учествувал во втората епизода од новата емисија на ХРТ „Супер потера“ и освоил 15.000 евра.
Покрај тоа што ја однел победата дома и значителна сума на пари, играчот привлекол внимание и со тоа што одговорил што ќе прави со заработените пари.
Еден од ловџиите, откако му честитал, го прашал што ќе прави со парите?
„Па, не знам, морам да ја прашам жена ми“, одговори симпатично Павао.
Тимот ловци погрешно одговорил дека албумот во 2021 година е наречен „30“и објавен од пејачката Тејлор Свифт (го објави Адел), а погрешно го кажале и името на момчето без име во романот на Анте Гардаш (Филип, момчето без име).
Павало, пак, на прашањето кој е избран за личност на годината на Тајмс, 15 години откако тоа беше Путин во 2007 година, одговорил Трамп, а станува збор за Зеленски.
Исто така, тој погрешно тврделдека Мисисипи првично бил напишан на англиски со четирите букви п.
Натпреварувачот дипломирал на Економскиот факултет во Загреб, а живее и работи со семејството во Суњ кај Сисак.
Во слободното време тој е дел од тим кој учествува на локални натпревари за квиз на пабови, а неколку пати биле на државното првенство.

Фото: hrt.hr


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …