Мажите изневеруваат двојно почесто од жените, лажат за својата возраст и занимање

Истражувањето, исто така, открило дека 21% од мажите во моногамни врски континуирано користат апликации за запознавање и имаат три пати поголема веројатност од жените да чуваат голи фотографии од бившите дури и по раскинувањето.
Мажот има речиси двојно поголема веројатност да биде неверен од жената, според студијата во која многу мажи исто така признале дека се збунети околу својата сексуалност поради големата изложеност на порнографија. Студијата била спроведена меѓу 600 испитаници на возраст од 16 до 44 години од страна на британскиот магазин GQ, а во неа 60% од мажите признале дека имале афера во одреден период од нивниот возрасен живот, што го кажале и 32% од жените. Меѓутоа, во ерата на широко распространета употреба на технологијата, дефиницијата за неверство изгледала нејасна, па за 37 отсто од мажите и 32 отсто од жените, неверството значело дури и само „интеракција со или следење поединци на социјалните мрежи“.

Ова истражување исто така открило дека 21% од мажите во моногамни врски континуирано користат апликации за запознавање и имаат три пати поголема веројатност од жените да чуваат голи фотографии од бившите дури и по раскинувањето.


This image has an empty alt attribute; its file name is sto-kazuva-kavgata.jpg

И иако е поверојатно дека во брак или врска „ќе имаат некого на страна“, 61% од мажите велат дека бројот на сексуални партнери не е важен – но во исто време сметаат дека за жените нешто повеќе од десет е премногу.
За споредба, жените не биле загрижени за бројот на партнери што ги имале мажите, се додека не бил повеќе од 25.


Исто така, се покажало дека младите луѓе претпочитаат дигитална интимност наместо реални врски, при што студијата покажала дека 61 отсто од мажите редовно гледаат порнографија, во споредба со 22 отсто од жените. И иако половина од нив тврделе дека филмовите за возрасни ги прават посвесни за себе и за своето тело, 30% од мажите признале дека порнографијата ги збунувала околу нивните сексуални преференции.

Со оглед на распространетоста на порнографијата и популарноста на OnlyFans, можеби не е изненадувачки што 47% од мажите велат дека би биле среќни во врска со малку или без секс, а дека пријателите, семејството, вежбањето и заработувањето пари им се поважни отколку тоа задоволство.


Меѓутоа, истражувањето покажало и дека многу од нив не би се заколнале никому на моногамија, па речиси половина од мажите рекле дека би размислувале за отворена врска, додека 12% рекле дека веќе се во една, а 9% признале дека се во полиаморна врска. Накратко, резултатите одразуваат зголемување на популарноста на полиаморијата и немоногамијата, особено кај помладите генерации.

Неверојатни 70% од мажите, исто така, признале дека лажеле за себе на апликациите за запознавање, менувајќи ја возраста, занимањето и висината за да изгледаат поимпресивно.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НОВО ОД ВИТАЛИА! Крцкави мусли со двојно чоколадо за здрав почеток на денот

Добриот појадок може да донесе повеќе здравствени придобивки, да ја подобри когнитивната способност, да го …