Откриена причината за смртта на Ракел Велч

Глумицата Ракел Велч починала во средината на февруари на возраст од 82. години, а сега е откриена и причината за смртта.
Ракел доживеала застој на срцето. Исто така се борела со Алцхајмеровата болест, пишува во умреницата која на увид ја добил TMZ.

This image has an empty alt attribute; its file name is rakel-velc-mlada-807x1024.jpg
Велч починала во 02:25 часот на 15. февруари, а после смртта е кремирана. Никогаш јавно не открила дека се бори со Алцхајмер.


This image has an empty alt attribute; its file name is rakel-velc-3-745x1024.jpg

Освоила Златен глобус за филм од 1974 година
Ракел се прославила со улогите од 1960. тите во филмовите Voyage и „Милион години пред Христ“, бргу станувајќи една од најбараните ѕвезди во индустријата и нарекувана секс симбол. Освоила Златен глобус за најдобра глумица во мјузикл или комедија во филмот „Три мускетари“ од 1974. година.


This image has an empty alt attribute; its file name is rakel-velc-1.jpg
Во 1995 година е прогласена за една од 100 најсекси жени во историјата на филмот според списанието Empire. Исто така се нашла и на трето место на 100 – те најсекси ѕвезди на 20 век на „Плејбој“.

Последните години живеела повлечено. ПОоследен пат е видена во јули 2022 година кога одела на маникир на Беверли Хилс.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …