Планот на Путин: Осум мерки за санација на последиците од корона вирусот

На сајтот на Кремљ е објавен список на мерки на претседателот Владимир Путин за санирање на последиците од ширењето на корона вирусот на територијата на Русија…
Ова се мерките на Путин:
1. Од 1 април, за следните три месеци, да се обезбедат надоместоци за семејствата во износ од 5.000 рубли (околу 60 евра) за секое дете до 3. години.
2. До 31. декември,да се извршат исплати на привремено невработените лица во висина на минималната плата.
3. За малите и средни бизниси, рокот за плаќање данок (освен ДДВ) се продолжува на 6. месеци.
4. Да се намалат тарифите за осигурување за 15% во државните вонбуџетски фондови за мали и средни бизниси.
5. Да се утврди (до 20 април 2020 година) даночна стапка од 13 проценти на дивидендите на физички лица од банкарските депозити поголеми од еден милион рубли (околу 12,000 евра).
6. Да се направи список на гранки на руската економија најпогодени од корона вирусот.
7. Да се донесе акционен план за да се обезбеди динамика на кредитирањето на деловните субјекти од реалниот сектор на економијата.
8. физички и правни лица можат да бараат од банките да го одложат плаќањето на ратите од кредитот за период од 6. месеци.
Да потсетиме, рускиот претседател ги објави овие мерки во четвртокот, кога се обрати на нацијата, пренесува Спутник.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден во 2016 година почина сликарот Стеван Поповски еден од најпознатите македонски претставници на наивата

Стеван Поповски е роден на 7 март 1933 година во Скопје. По образование бил педагог …