Од корона вирус починал американски пејач: Пред два дена открил дека е заразен

Американскиот кантри пејач Џо Дифи кој врвот на кариерата ја доживеал во ’90, починал по компликации од коронавирус, соопштил неговиот издавач.
Шеесет и едногодишниот пејач од Оклахома снимил 13. албуми и имал над 20. Топ 10. хитови.
Два дена пред смртта, Дифи соопштил дека е позитивен на коронавирус и дека се лекува.
„Моето семејство и јас бараме приватност во ова време. Сакаме да ја потсетиме јавноста и сите мои обожаватели да бидат внимателни за време на пандемијата“, навел Дифи во соопштението пред да почине.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …