Пари за блиски соработници на градските власти, но не и за вистинските проекти од културно значење за град Скопје

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители преку кои се остварува локалниот интерес во културата за 2019 година.

Петре Шилегов не пропушти да ги награди и да подели пари на своите најблиски соработници и пријатели од светот на културата, пишува Курир.


Неговиот Шеф на кабинет, Никола Наумоски, кој е истовремено и братучед на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, добил 180 илјади денари за неговото Здружение за активизам, теорија и уметност „Плоштад Слобода” за проектот Град за сите: Модерна за деца. Се делат пари од кабинетот на градоначалникот за луѓе од кабинетот на градоначалникот.

Шилегов го награди и Мирко Попов, и неговата фирма ПМГ Рекордс ДООЕЛ со 150 илјади денари за организирање на фестивал. Мирко Попов којшто деноноќно користи говор на омраза и важи за голем поддржувач на владејачката партија. Мирко и е познат на јавноста и по изјавата дека доколку би имал власт би ги запалил сите цркви во Македонија.


Ниту Роберт Алаѓозовски, националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка во Владата на СДСМ, не е заобиколен во делењето на пари од Град Скопје. Здружението на граѓани „КОНТРАПУНКТ”, каде тој е еден од основачите од Шилегов добило 100 илјади денари за КРИК, фестивал на критичка култура.

Но, дали ситуацијата е иста за останатите вредни проекти како веќе најавениеот АНДЕРФЕСТ за кој градот не одвои никакви финансиски средства.  Потсетуваме дека Underfest е фестивал наменет за млади и неетаблирани музичари, актери, поети, писатели од Македонија кои сакаат да ги претстават своите дела пред пошироката јавност. Фестивалот ќе се одржи во Скопје кој ќе се одржи на 5ти, 6ти и 7ми Април 2019. Досега фестивалот нуди многу богата програма со преку 50-тина артисти исклучиво од Македонија, од различни националности а за жал градот Скопје не одвои средства за овој проект, туку средствата ги намени за дел блиските соработници на Шилегов.


– „Ова е едениствен фестивал од ваков тип кој треба да допринесе за збогатување на културата во град Скопје. Не очекувавме дека градските власти нема да го наградат овој мултикултурен проект кој има за цел преку музиката да се зближи публиката од различна нациналност.“

Од АНДЕРФЕСТ најавија жалба до град Скопје, а од здружението напоменуваат дека ќе бараат потоа и одговороност од Комисијата која одлучувала за избор на проектите, сметајќи дека одлуките ги нема донесено на транспарентен начин.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …