ПАНДЕМИЈА – Повеќе од 2,3 милиони заболени, скоро 600.000 опоравени


Соединетите Американски Држави имаат најголем број на заразени во светот…
Според Worldometers, вкупно 2.331.956 луѓе се заразени со коронавирусот ширум светот. Најновите податоци покажуваат дека бројот на починати од инфекција „Ковид-19“ до ова утро е 160.767.
Во исто време се опоравени 597.217 лица.
САД се со најголем број на заразени во светот.Регистрирани се 738.913 лица со „Ковид-19“.
Според црната статистика, зад Соединетите држави се наоѓаат пет европски земји: Шпанија со инфицирани 194.416 коронавируси, по што следат Италија со 175.925, Франција со 151.793, Германија со 143.724, Велика Британија со 114.217, Кина 82.735 и Турција 82.329.
Америка е прва и бројот на починати, во САД оваа бројка достигнува 39.015, по што следат Италија со 23.227, Шпанија со 20.639, Франција со 19.323, Велика Британија со 15.464, Белгија со 5.453, Иран со 5.031 …


РЕГИОН
Словенија – 1.317
Хрватска – 1.832
БИХ – 1.248
Црна Гора – 307
Албанија – 548
Србија – 5.994
Македонија – 1.170
Грција – 2.235
Бугарија – 878


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Врачени наградите на 59. МТФ Војдан Чернодрински

Примајќи ја наградата за најдобра режија, Ќендрим Ријани истакна дека фестивалот во секоја наредна година …