(ВИДЕО) МЕРКЕЛ ГО ОБЈАСНИЛА ШИРЕЊЕТО НА ВИРУСОТ И ГО ВООДУШЕВИЛА СВЕТОТ: Од оваа снимка се вжештиле и социјалните мрежи – БРАВО за канцеларката!

Говорот на германската канцеларка Ангела Меркел објаснувајќи за минута и половина како се шири вирусот корона и колку е опасно нагло ублажување на рестриктивните мерки, го распамети светот.
Пред сите, Американците кои се спротивставуваат на политиките на Доналд Трамп.
Откако нејзиниот говор беше преведен на англиски јазик, војска од луѓе го гледала на социјални медиуми и изразила љубомора.
„Еве како изгледа кога компетентно лице ја води земјата“ – е основата на размислувањето.


Инаку, Меркел има диплома и докторат по квантна хемија, што несомнено ја прави еден од најквалификуваните лидери во една земја за време на оваа пандемија. Германија, иако е сериозно погодена од вирусот, успеа да го започне израмнувањето на кривата и има далеку пониска стапка на смртност од другите земји, пишува Јутарњи.хр.
Во видеото кое брзо започна да се шири на социјалните мрежи, Меркел објасни зошто укинувањето на мерките бара претпазливост и го опиша експоненцијалниот пораст на бројот на пациенти. Таа исто така објасни колку може заразеното лице да зарази други и дека прави голема разлика во тоа како ќе работи здравствениот систем.


„Чудно, зарем не? Јас сум збунет. Таа користи целосни реченици, а јас не сум навикнат на тоа“.
„Кога одеднаш сте горди што сте Германец и не знаете како да се справите со тоа. Во споредба со многу други земји, ова е мојот омилен одговор на кризата. Јас не сум голем обожавател на Меркел, но ми се допаѓа нејзиниот одговор на оваа криза.
„Браво, канцеларко Меркел. Известете не дали и други земји можат да се согласат привремено да ве посвојат како свој водач“, се само некои од коментарите за објаснувањето на Ангела Меркел ..


Екран.мк/Jutarnji.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Обрнете внимание – Пет тивки знаци на проблеми со срцето кои не треба да ги игнорирате

Дали вашето срце е здраво? Во една студија од 2015 година објавена во JAMA, осум …