Овој викенд богата културно-забавна програма на Summerland

Во рамки на фестивалот „Summerland”во Градски Парк, викендов ќе се одржат неколку интересни настани и музички перформанси.

Вечерва, од 19:30 со „Готвиме со Бранко“, ќе има хуманитарно готвење за бездомните лица, а граѓаните кои сакаат да донираат, ќе може да донесат оброци.


Од 21:00, The music roomќе има тричасовен музички live сет- комбинација од диџеј, гитара и вокал, а просторот пред Школка ќе биде претворен во голем подиум за танцување.


Во сабота пак, преку ден е предвидена детска програма. Од 17:00, влезот во Зоолошка градина Скопје ќе биде бесплатен за сите, а од 18:00, посетителите ќе имаат уникатна можност да ја погледнат претставата „Хакуна Матата во Зоо Парк“, возејќи се на вовче. Вечерта од 22:00, на Школка настапува сараевскиот бенд „Црвена Јабука“.


Во недела на Школка , од 19:00 децата ќе имаат можност да се забавуваат со ДКЦ Карпош и интерактивната боенка „ЗОО Азбука“, да јаваат пони коњчиња и да учат за светот на рептилите со Војо Иванов. Од 21:00 часот на главната сцена, настапуваат рокенрол бендот– Културно Уметнички Работници.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден пред 23 години се збогувавме од нашиот истакнат актер Јосиф Јосифовски

Јосиф Јосифовски бил роден во Велес на 29 август 1927 година. Актер кој долги години …