Овој глумец „и го скрши срцето“ на сопругата на Балибег:Еве со кого наскоро ќе се жени Карман од серијата „Судбина“


Познатиот турски пејач, глумец и продуцент Оџан Дениз (45), кого неодамна го гледавме како Караман во серијата „Судбина“, конечно ќе застане на „лудиот камен“.

https://www.instagram.com/p/BXqbRuZnRrh/?taken-by=ozcandeniz


Маркантниот Оџан уште од првите чекори на сцената, а посебно до серијата „Конакот на винова лоза“, важи за голем заводник и за него тврдат дека „скршил“ многу женски срца. Една од тие ранети девојки била и убавата Фахрие Евџан на која и требало многу време да го преболи – всушност, се’ додека не го сретнала Бали бег.

https://www.instagram.com/p/BSBVZn0B57W/?taken-by=ozcandeniz


Но, се’ има крај па и беќарскиот живот на еден од најпопуларните турски ергени. Последните години во медиумите бил познат по тоа што бил во врски со 20. години помлади убавици, а една таква, 25. годишната Фејза Актан конечно „го натерала до ѕид“. Како што пишуваат турските медиуми, Фејзи е бремена два месеци па згодниот глумец полека подготвува венчавка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Нова стратегија на Netflix – „Stranger Things“ пишува историја: Последната епизода од серијата ќе се прикажува во кината низ целиот свет

Последната епизода од серијата „Stranger Things“ ќе се прикажува во кината низ целиот свет, што …