Оваа седмица ни носи пониски температури, но и понатаму ќе бидеме далеку од вистинската зима!

Оваа седмица во Македонија ни носи повеќе облачност, но и нешто пониски температури на воздухот за разлика од минатата. Сепак сеуште сме далеку од онаа вистинска зима и температури како што доликуваат за овој период од годината.

Повремено ќе има и локални слаби врнежи од дожд, а на планините над 1400-1500 метри надморска височина ќе провејува снег. Повремено снежната граница би можела да се спушти и на планините и под 1400 метри надморска височина. Најмногу сонце оваа седмица ќе имаме во четврток и во петок.


Од утре ќе започне да дува и повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието (повремено со брзина до околу 60 км/час).

Во Скопје исто така ќе има услови за локален краткотраен и слаб дожд, а од утре ќе дува и повремено засилен ветер од северен правец.


Што се однесува до температурите, утринските особено од среда на повеќе места ќе се спуштаат под нулата и тие ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 0 степени, а максималните дневни ќе се искачуваа тво интервалот од 6 до 14 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …