ОВАА НЕДЕЛА НА БИТ ФЕСТ ПРОГРАМА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Продолжува програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. Оваа недела програмските содржини ќе понудат културни настани за сите генерации.

Од денес, на програмата на БИТ ФЕСТ започнува „Неделата на детски филмови” со проекција на детскиот анимиран филм „Џиновската круша” според книгата на Јакоб Мартин Стрид.
This image has an empty alt attribute; its file name is комплетен-распоред.jpg


Проекцијата со македонска синхронизација почнува во 11.00 часот додека, проекцијата на овој филм со синхронизација на албански јазик е на 07.07 во 13.00 часот. Влезот за филмските проекции кои ќе се одржат во Кино „Манаки” е бесплатен.

This image has an empty alt attribute; its file name is понеделник.jpg


„Неделата на детски филмови”, во организација на Друштвото за филмска продукција „Узенгија” која општина Битола ја реализира во соработка со Културно информативниот центар, ќе трае до 8 јули, а покрај проекциите на „Џиновската круша”, детската публика, ќе може да ги проследи и проекциите на светски познатите детски филмови како: „Кариран ниџа”, „Хакер”, „Патештествието на принцот” и „Мираи”.

This image has an empty alt attribute; its file name is 2022_On_01_NarodenNeprijatel.jpg


Во вторник, на битолското културно лето, ќе гостува Македонскиот народен театар со театарската претстава „Народен непријател”, која ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Битола, со почеток од 20.00 часот.

This image has an empty alt attribute; its file name is Камерен-оркестар.jpg

Во среда, на БИТ ФЕСТ, започнува големиот „Балкан гала фестивал”, во организација на Камерниот оркестар на Битола, кој ќе понуди две незаборавни вечери, од кои едната со рок, а другата вечер со поп симфонија.

This image has an empty alt attribute; its file name is џез-фестивал.jpg

Во четврток, петок и сабота, љубителите на џез музиката, ќе можат да ја почувствуваат џез магијата низ програмата на „Џез фабрика фестивалот” на БИТ ФЕСТ.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …