ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2020 – завршни настани

Од вчера, 18 февруари до 18 март 2021 (секој ден од 10-18 ч.), во Националната галерија на С. Македонија – мултимедијален центар „Мала станица” ќе може да се посети изложбата „ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2020 – наградени уметници и финалисти” .


На ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2020 260 уметници од 44 земји учествуваа со 819 дела! Од нив, од страна на селекторот на Биеналето, Емил Алексиев, С. Македонија, во потесен избор влегоа 135 уметници, а од нив 75 беа избрани за финалиста. Од финалистите, меѓународното жири: Катрин Бекер, Германија (уметнички директор на Центарот за современа уметност „Киндл”, Берлин), Ларс Курулф Милер, Данска (директор на музејот „Борнхолмс”) и Жолт Петрани, Унгарија (раководител на одделот за современа уметност во Националната галерија на Унгарија во Будимпешта) http://www.osten.mk/obc-2020-ziri/ – одлучуваа за наградите.


За потсетување:
По повод 75-годишнината на ОСТЕН, во Националната галерија Чифте амам од 1-10 октомври 2020 беа претставени селектираните уметници на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2020 и ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на НАГРАДЕНИ АВТОРИ 2019-2020.


Наградите за кои одлучува Советот на амбасадори на ОСТЕН, на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2020 се:
ГРАН ПРИ за животно остварување – Емилија и Илја КАБАКОВИ, Русија / САД (http://www.kabakov.net/)
Награда СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО – Оскар КОКОШКА, Австрија (https://en.wikipedia.org/wiki/Oskar_Kokoschka)
ПОСЕБНО ГРАН ПРИ за извонредни уметнички остварувања – Јоргос КСЕНОС, Грција (http://georgiosxenos.gr/)
ПОСЕБНО ГРАН ПРИ за извонредни уметнички остварувања – Таки ПАВЛОВСКИ, С. Македонија

Награди во соработка на САВУ (Светската асоцијација за визуелни уметности):
Награда УМЕТНИК на СВЕТОТ – Ецио ГРИБАЛДО, Италија (http://www.eziogribaudo.com/)
Награда РЕМБРАНТ за извонредност во уметноста – МИЦКО Мице Јанкуловски, С. Македонија (https://micejankulovski.mk/)

Наградите од жирито и ОСТЕН ќе бидат официјално соопштени и доделени (на оние уметници кои ќе бидат присутни) на 18 март (четврток) 2021 | 19 ч. во Националната галерија на С. Македонија – мултимедијален центар „Мала станица”.

Со овој настан, на кој ќе бидат промовирани каталогот на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2020 и 1-то ОСТЕН АРТ ФЕСТИВАЛ 2021 – ќе биде официјално затворено ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2020.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …