Оскарот донесува нешто ново:„Гледајте се за да не испуштите нешто!“

Пет песни номинирани за овогодинешните Оскари ќе бидат изведени на покривот на новиот музеј на Академијата за филмска уметност и наука во мало рибарско гратче во Исланд, во обидот продуцентите да го освежат форматот на шоуто погодено од пандемијата на Ковид 19
Ѕвездата на „Хамилтон“, Лесли Одом Јуниор ќе биде меѓу оние што ќе настапат од кровната тераса на сè уште неотворениот Музеј на филмска уметност во Лос Анџелес, чие отворање е одложено поради Ковид 19.
Неговата песна „Speak Now“ од драмата за граѓански права „One Night in Miami“ ќе биде дел од специјалното шоу пред Оскарите, како и баладата „Husavik“ од комедијата на Вил Ферел „Eurovision Song Contest: The Story of Fire Saga“ од истоименото пристаниште во Исланд.


„Смисливме сериозни активности пред и потоа за да го подобриме нашиот главен настан“, рекоа оскаровецот Стивен Содерберг и неговите колеги копродуценти, додавајќи:
„Наш предлог е да ја гледате целата работа, во спротивно ќе пропуштите нешто навистина неочекувано и забавно“.
Харисон Форд, Бред Пит и Рис Витерспун се меѓу главните домаќини на овогодинешните Оскари.
Продуцентите најавија и шоу по главниот настан – „Oscars: After Dark“, кое ќе ги прикаже најголемите добитници со своите златни статуетки и интервјуа со ѕвездите.
Свечените, 93. Оскари ќе се одржат на 25. април, додека новиот музеј на Академијата за филмски уметности и науки ќе биде отворен на 30. септември.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …