Карли Фулер (32) од Кент ја трансформираласвојата кујна за помалку од 200 фунти (околу 14. илјади денари) користејќи боја на орманчиња.
Карли долго време сакала да ја трансформира својата стара кујна, но не сакала да потроши многу пари. Таа решила да ги земе работите во свои раце и да ја преуреди старата кафеава кујна во бела, а пти тоа и многу заштедила.
Таа и нејзиниот сопруг живеат во Кент.
„Кога сопругот и јас се преселивме во нашиот дом во 2017 година, декорацијата воопшто не беше во наш стил. Во текот на изминатите неколку години, ние ‘облековме’ сè во бело, а нашата работа може да се следи на Инстаграм каде објавуваме сè. Секој мисли дека сум луда затоа што се правам сама и покрај тоа што имам близнаци, но ништо не ме спречува. Изолацијата и карантинот ги искористивме за да ја трансформираме нашата кујна. Стариот изглед воопшто не ни се допаѓаше, па затоа сè фарбавме бело“, Изјави Карли за Mirror.
Тие потрошиле околу 100 фунти на боја, и уште 100 фунти на други работи – четки, ваљаци, ленти и слично.
View this post on Instagram
„Пол и јас требаше да испланираме сè точно, па затоа боевме или брусевме додека децата спиеа или едниот од нас ќе се грижеше за нив додека другиот работеше. Почнавме во 8. часот наутро и завршивме до 8 часот утредента. Отстранивме сите од орманчињата, брусевме, а потоа темелно ги исчистивме сите орманчиња за да ги отстрани маснотиите или нечистотијата. Откако ги подготвивме површините, на сите ормани нанесовме еден слој бела боја. Оставивме преку ноќ да се исуши а потоа наредниот ден го нанесовме завршниот слој“, вели Карли.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram