Нема да можете да одолеете на оваа слатка овошна фантазија.
Фил:
1/2 л полномасно млеко
2 пудинзи од ванила
1 ванилин шеќер, по желба
100 гр шеќер
50 гр путер
50 мл слатка павлака
Бисквит:
100 гр путер на собна температура
50 гр шеќер во прав
3 јајца
150 гр брашно
1/2 гр прашок за пециво
За темниот дел ви требаат:
1 лажица квалитетно какао
1 лажица кисела павлака
300 гр вишни од замрзнувач
Плех со димензии 30х25 см
Подготовка:
Прво подгответе го филот: сварете го пудингот во млекото, додадете шеќер по желба – дел од млекото одвојте да го растворите пудингот. Кога кремот ќе биде густ покријте со прозирна фолкија да не се фати коричка и оставете да се излади.
Додека филот се лади, подгответе го бисквитот: изматете ги путерот и шеќерот во прав со миксер и додавајте едно по едно јајце (додаваме само кога претходното е убаво изматено), па додајте просеано брашно и прашок за пециво. Поделете ја смесата на 2 еднакви делови и додадете по 1 лажица какао и 1 лажица кисела павлака.
Во плехот што ќе го покриете со хартија за печење, прво внимателно распределете го жолтиот дел и израмнете го, а потоа внимателно раширете го темниот дел над него, прво што е можно порамномерно со мала лажица. Наредете ги црешите.
Печете на 180 степени Ц околу 40 минути.
Завршување на филот: Во млакиот фил додадете 50 гр изматен путер, а потоа на целосно оладениот додадете 50 мл изматена слатка павлака. Распоредете го филот пудинг рамномерно и израмнете. Украсете со рендано или истопено чоколадо. Послужете убаво разладено.
Фото: Принтскрин/Youtube/Bakinakuhinja