Општина Кисела Вода ги повикува музичките бендови да бидат дел од настанот “Битка на бендови”

“Битка на бендови” ќе се одржи на почетокот на месец јули, во рамки на Културното лето на Општина Кисела Вода. Објавен е јавен повик, на кои можат да се пријават музички групи и бендови кои би имале свои изведби на отворено, а клучните критериуми кои ќе бидат земени во предвид при изборот, ќе бидат нивото на техничката изведба и визуелната презентација.
Изборот ќе го врши комисија формирана од Градоначалникот на Општина Кисела Вода. Наградата за најдобриот бенд ќе биде организација на целовечерен концерт од страна на Општина Кисела Вода.
“Битка на бендови” е настан кој Општина Кисела Вода за првпат го организира и кој има за цел заживување и збогатување на културата на локално ниво.

Огласот е отворен од вчера, понеделник, 13.06.2022 година, до петок, 17.06.2022 година и заедно со сите критериуми и услови е достапен на општинската веб страница на следниот линк


Пријавите треба да се доставуваат во архивата на општината со назнака – “За избор на најдобри музички бендови”.

За повеќе информации во однос на огласот и за деталите околу начинот на пријавување може да се обратите кај лицето Сашо Јованоски, тел. број 070/268 076, или електронски, на email адресата : saso.jovanoski@kiselavoda.gov.mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …