Дарја Ризова повторно најдобра актерка – овој пат на Фестивалот на актерот во Коњиц – БиХ

На деветтиот Фестивал на актерот во Коњиц на кој учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, РС Македонија и БиХ, нашата актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот” по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ.

This image has an empty alt attribute; its file name is Дарја-Ризова.jpg


Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која го избира најдобриот актер и актерка. За театарските работници тоа е најчесното. Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …