Опоравувањето од заљубеност трае две години! Што мислите, колку трае од РАЗВОД?

Жените се срамат од разводот двојно повеќе од мажите!
Повеќе од половина разведени парови се чувствуваат засрамени од неуспешниот брак, покажуваат резултатите од студијата на една британска компанија во која учествувале повеќе од 1.000 разведени лица.
Многу научни студии потврдија дека разводот, заедно со смртта на најблиските, е најстресниот настан во животот на поединецот. Околу 46. проценти од разведените лица велат дека секој ден се соочуваат со некаква осуда на други луѓе поради неуспешниот брак, 60 проценти изгубиле голем број заеднички пријатели, а секој шести останал без ниту еден пријател.


Жените повеќе се срамат
Жените имаат двојно поголема веројатност да се чувствуваат виновни и да се срамат од разводот, а по официјалниот брак, на луѓето им требаат во просек четири години емоционално да се опорават.
Секоја десетта личност е во брак затоа што не може да се справи со социјалната стигма што ја донесува разводот.
Луѓето обично остануваат во нефункционални заедници поради деца и финансии, а секој десетти е во брак затоа што не сакале да се справат со социјалната стигма што е неизбежна по разводот. Повеќе од една третина го сфаќаат раскинувањето на бракот како личен неуспех, без оглед дали се сметаат себеси за виновни затоа што избрале погрешен партнер или не успеале да најдат заеднички јазик, и покрај тоа што веруваат во љубовта кон животот.
Истражувачите исто така наведуваат дека повеќе од 75% од луѓето активно се обиделе да ја зачуваат врската и да и дадат друга шанса на другата половина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …