(ФОТО) ГРАФИКА – Како раѓањето на ќерката на Хари го смени редот за тронот

Војвотката од Сасекс Меган Маркл во петокот роди девојче по име Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатен-Виндзор. Со раѓањето на новиот член на кралското семејство, редоследот за наследување на британскиот престол е променет, па сега некои членови на семејството стојат зад Лилибет.
Иако двојката го напушти кралското семејство и своите должности, принцот Хари и неговите деца остануваат во низата наследници на британскиот трон. Лилибет ќе биде осма во низата за британскиот трон, веднаш зад нејзиниот брат Арчи и таткото, принцот Хари.


Што се однесува до првите места во линијата на наследување, тие ги заземаат принцот Чарлс, принцот Вилијам, а потоа неговите деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, веднаш зад нив се принцот Хари, а потоа неговите деца Арчи и Лилибет.
Во линијата на наследство, принцот Ендру и неговата ќерка принцезата Беатрис паднаа на пониски места, а веднаш зад неа ќе биде нејзиното дете кое допрва ќе се роди. Принцезата неодамна објави дека го чека своето прво дете.


Понатамошните позиции во редот за британскиот престол ги заземаат принцезата Евгенија и нејзиниот син Август, потоа принцот Едвард и неговите деца Висконсин Северн и Лејди Луиз, а потоа принцезата Ана и нејзините две деца Питер Филипс и Зара Тиндел и пет внуци (Савана и Исла Филипс, како и Миа Лена и Лукас Тиндел).
Кралското семејство за кратко време се здоби со двајца нови члена, покрај малата Лилибет. Неодамна се породија и принцезата Евгенија, ќерка на принцот Ендру и Зара Тиндел, ќерка на принцезата Ана.


Лилибет (сè уште) не е принцеза
Лилибет нема титула принцеза, исто како што нејзиниот брат ја нема титулата принц, но тоа се очекува да се смени кога кралицата Елизабета ќе умре и принцот Чарлс ќе го наследи престолот. Малата Лилибет е петто внуче на принцот Чарлс.
Таа има право да ја користи тутулата на Лејди, но најверојатно ќе користи поедноставна верзија на Мис, според желбите на Хари и Меган, пишува Дејли Меил. Малиот Арчи има право да користи една од титулите на неговиот татко или едноставно да му се обраќаат со лорд Арчи.
Медиумите пишуваа дека Хари и Меган одлучиле нивните деца да немаат титули, за да можат да живеат понормален живот. Хари и Меган еднаш рекоа дека ќе имаат само две деца, а истото го повторија и за време на интервјуто со Опра Винфри.


Децата на кралицата, принцезата Ана и нејзиниот брат принцот Едвард, исто така, избраа нивните деца да немаат кралски титули, иако имаа право на нив. И тие сакаа нивните потомци да живеат што е можно понормален живот.
Од друга страна, принцот Ендру одлучи неговите ќерки да имаат титули принцези, но живеат нормален живот, работат обични работи за плата, немаат обезбедување и само повремено извршуваат некои кралски должности.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …