Кога ќе добиете вирус ОВОЈ витамин може повеќе да ви ОДМОГНЕ отколку да помогне!

Витаминот Ц и цинк не им помагаат на заразените со вирусот и ковид.
Витамин Ц и цинк, дури и во високи дози, не можат да помогнат во борбата против ковидот, е извештајот за првото рандомизирано клиничко испитување за тестирање на два додатоци под медицински надзор.
Овој наод е објавен на порталот JAMA Network Open. За време на студијата на група од 214 лица, кои се опоравувале од вирусот корона дома, им била дадена висока доза на секој додаток поединечно и во комбинација.


 

Високи дози на витамин Ц предизвикале несакани ефекти!
Втората група добила стандардна нега, како што се одмор, хидратација и лекови за намалување на температурата, но без додатоци. Високи дози на цинк и витамин Ц или двата додатоци не ги намалиле симптомите на инфекција кај оние кои ги пиеле, рекол д-р Милинд Десаи од клиниката во Кливленд. Кај поединци, високи дози на витамин Ц и цинк предизвикале дури и некои несакани ефекти.
Имено, повеќе негативни ефекти како гадење, дијареја и грчеви во стомакот се забележани во групата на која им биле дадени додатоци.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈНОВА МЕТЕО ВЕСТ: Следната седмица многу турбулентна на Балканот и во Македонија, температури до 25 степени?!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Следната седмица доста турбулентна на Балканот, од Африка ни следува …