„Операта на шумските животни“ – хуманитарна детска интерактивна музичка претстава во Националната Опера и Балет

На 27 јанаури 2024 година во Националната Опера и Балет, со почеток во 12:00 часот, ќе биде прикажана детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“.

„Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко – драмска претстава која има за цел да ја запознае/едуцира најмладата публика со оперската уметност.


Сценариото изобилува со многу комични моменти, кои се случуваат додека шумските животни се обидуваат да создадат оперска претстава.

Музичкиот дел е исполнет со адаптирани популарни арии од оперите: Кармен, Палјачи, Аида, Травијата, Рита и многу други арии и инструментални композиции кои се со адаптиран текст во својство на сценариото.


Претставата е од хуманитарен карактер. Собраните средства од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на младиот Леонид Индов, кој во несреќен случај во Грција се здоби со тешки повреди, по што беше опериран и му претстои долготрајно и скапо лекување.

Целна група: деца од 6 -11 години
Време траење на претставата: 1 час
Идеен концепт, сценарио и режија: Десанка Глигоријевиќ
Костимографија и сценографија: Десанка Глигоријевиќ


Настапуваат:
Лиска – Билјана Камчева
Меца – Марика Поповиќ
Зајко – Јане Дунимаглоски
Був – Невен Силјановски

Билетите по цена од 300 денари можете да ги набавите на билетарницата на НОБ или онлајн на www.operabalet.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …