ОНЛАЈН ДЕБАТА – Тркалезна маса „ЗОШТО ПРЕВОД?“

Францускиот институт во Скопје и  Филолошкиот факултет „Блаже Конески” – Скопје имаат чест да  известат дека в среда, 31 март 2021, во 11 часот, преку платформата Зум, ќе се одржи онлајн дебата на тема „Зошто превод” со што ќе се затвори Месецот на Франкофонијата.

На овој настан за предизвиците на писмениот и усниот превод, учество ќе земат:


§  проф. д-р Ирина Бабамова, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности – Филолошки факултет „Блаже Конески”-Скопје

§  проф. д-р Елисавета Поповска, професор на Катедрата за романски јазици и книжевности – Филолошки факултет „Блаже Конески” -Скопје


§  г-ѓа Елена Никодиновска од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” – Скопје

§  г-дин Жарко Кујунџиски, директор на издавачката куќа „Антолог” – Скопје


§  г-ѓа Сања Фурнаџиска-Адамс, конференциски толкувач.

Линк за приклучување кон настанот: 

Лозинка: 000000

Агенда
11:05 ч. – Отворање на настанот од страна на г-дин Емануел Рембер, директор на Францускиот интситут во Скопје
11:10 ч. –Излагање на проф. д-р Ирина Бабамова, раководител на Катедрата за романски јазици и книжевности – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
„ Историјата на книжевното преведување како парадигма на врската помеѓу јазикот, културата и сеќавањето“
11:20 ч. – Излагање на проф. д-р Елисавета Поповска, професор на Катедрата за романски јазици и книжевности – Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје
„Споделување искуства од писмениот превод на делото Црно сонце на Јулија Кристева“
11:30 ч. – Излагање на г-ѓа Елена Никодиновска од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје
„Библиографски прегледи на преведени литературни дела од француски на македонски јазик и од македонски на француски јазик : потенцијал и граници“
11:40 ч. – Излагање на г-дин Жарко Кујунџиски, директор на издавачката куќа „Антолог“ – Скопје
„Интересот за објавување на преводи на француски дела“
11:50 ч. – Излагање на г-ѓа Сања Фурнаџиска-Адамс, конференциски толкувач „Предизвици при усмениот превод“
12:00 ч. – Прашања од публиката
12:15 ч. – Затворање на дебатата
Модератор: г-дин Бранко Чобанов, аташе за култура и заменик директор на Францускиот институт во Скопје
* * *
Следете ја дебатата на следниот линк :
https://us02web.zoom.us/j/83795761971?pwd=bUZxTHpXM0Yyd3JDakU1V0FYQzJlZz09
Code : 000000

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …