Гоце Илиески е возачот од Итната медицинска помош Прилеп кој е заслужен за многу извојувани битки со Ковид 19 кај бројни пациенти.
Да бидеме хумани и да помогнеме да ја добие битката за својот живот!
„Почитувани хумани луѓе, за жал ви се обраќам од името на една предобра и вредна жена која ете ја допре и тоа како тешко ја погоди оваа ситуација со корона вирус. Буквално цело семејство заболија од истиот. Од најмали до најголеми. 12 годишниот Филип во клининиката Козле после долго боледување сега е подобар, фала на Господ и е дома. Но, неговиот татко Гоце сеуште се бори. Сместен е долг период во болница Систина, состојбата сеуште е многу лоша и се бори на респиратори. Поради тоа што не е во стабилна состојба не може да се премести на клиника. Еден ден ги чини 1700 евра, а сега и со нова терапија која чини 500 евра на ден семејството влезе во многу тешка здравствена состојба, но за жал и тешка финансиска ситуација“ , се наведува во апелот за помош за Гоце Илиески.
Вашата хуманост можете да ја покажете преку телефонско јавување:
143414 за корисници на Телеком
143504 за корисници на А1
„Ние, како колеги од Гоце би биле благодарни ако успееме во оваа борба. Споделете донирајте и имајте убав ден, апелираат неговите колеги од прилепската болница…“