Берлин нема да ја користи АстраЗенека за жени помлади од 60. години

Берлин ја прекинува употребата на вакцините за коронавирус на АстраЗенека за жени на возраст под 60. години, изјави во вторникот здравствената сенаторка Дилек Калаичи.
Таа посочила дека сака да почека на сет препораки од регулаторот по извештајот за несаканите ефекти на вакцината, пренесува Дојче веле.
Претходно, државните болници во Берлин престанале да вакцинираат жени на возраст под 55. години, поради извештаи за ретки, но сериозни несакани ефекти.
Во некои случаи, пациентите кои ја примиле вакцината АстраЗенека подоцна развиле невообичаена форма на згрутчување на крвта во главата. Од неколкуте пријавени случаи, првенствено биле погодени жените.
Неколку европски земји накратко ја прекинаа употребата на вакцината АстраЗенека на почетокот на овој месец, но тие продолжија да се користат откако регулаторите на ЕУ соопштија дека вакцината е безбедна за употреба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

5 типови на фотографии кои не треба да ги објавувате на социјалните мрежи

Дали размислувате секој пат пред да објавите нешто на социјалните мрежи? Често објавуваме фотографии, без …