Од 10 – 12 март – 11. Саем за венчавки: “WEDDING EXPO 2023 Skopje”

Саемот за венчавки кој ќе се одржи од 10-12 март во Х. Александар Палас ќе понуди богата програма во сите три дена, а е во организација на магазинот www.vobelo.mk.

Отворањето на саемот е предвидено за 10март од 17ч. за посетители, а во 20 ч ќе биде свечениот дел кога на пистата ќе прошетаат многу познати личности облечени во венчаници и костуми. Во текот на вечерта ќе има и музички дел и многу забава. Водител и домаќин на саемот оваа година е Ведрана Ѓоргевиќ. Во делот на програмата за сабота и недела ќе има неколку индивидуални ревии, а посебен сегмент ќе биде и приказот на соодветни фризури и шминка за идните невести. На сцената ќе има познати мејкап артисти кои ќе презентираат и ќе делат совети за совршен изглед за големиот ден.  Секако најголемата забава за идните невести ќе биде прошетката низ трите хали во хотелот каде најдобрите дизајнери, декоратери, фотографи, ресторани и се што е потребно за организација на големиот ден ќе го изложат на простор од 2000м2. Секако убавината на саемот не се само иновациите, но и големите попусти кои ќе ги добиете.


Саемот ќе сеодржи воАлександар Палас во месец март (10 до 12)

Работно време за посетители


Петок 10ти, од 17ч до 22ч

Сабота од 10 до 21ч


Недела од 10 до 20ч

Влезници се купуваат на билетарата во Х. Александар Палас и он лајн на платформата купи карти за се.

Програмата на саемот ќе се состои од модни ревии, музички настапи и промоции.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …