Мултимедијалната патувачка изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес!

По Романија, Албанија, Белгија и Србија, токму Велес ќе биде центар на стрип културата во Македонија. Уметници и сценаристи, стрип теоретичари, професори, љубители на стрипот и гости од целата држава и Европа ќе имаат прилика да присуствуваат на отворањето на оваа изложба закажана за овој петок со почеток од 20 часот во Ликовниот салон во Велес.

This image has an empty alt attribute; its file name is CAN-for-Balkans-Veles.jpg


Изложбата „CAN for Balkans” е составена од две тематски целини, од кои на првата се презентирани графичко-секвенцијални дела пристигнати на минатогодишниот меѓународен стрип-конкурс на тема „Балканот низ историјата”. На втората, која е резултат од повеќегодишните истражувачки студии за историскиот стрип на Балканот, изложени се најрепрезентативните историски стрипови на романски, српски, албански и македонски автори, односно на историски стрипови од земјите од каде што се партнерските организации на проектот. Посетителите ќе можат да ја посетат оваа изложба посветена на историјата на Балканот се до 27 Март.

This image has an empty alt attribute; its file name is агенда-мкд.jpg


За сите фанови на 9тата уметност неколку настани и промоции како претходница на големото финале, со специјални гости – Н.Е. Андреа Силвестри, италијански амбасадор во Македонија, Александар Стеванов и Бошко Караџов.

Настанот е во организација на Стрип центар на Македонија како партнер во проектот CAN for Balkans, кофинансиран од Европската унија преку програмата „Креативна Европа“, а локални партнери се Општина Велес и ЛУ Народен музеј – Велес.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …