(ВИДЕО) ВО УТРИНСКА ПРОГРАМА – Кавга за време на емисија во живо на РТС: На пејачката микрофонот и останал вклучен

Кандидатката за претставник на Србија на„Песна на Евровизија“, Ангела, за време на снимањето на емисија на РТС, се скарала со водителката, а публиката можела се да чуе бидејќи микрофонот останал вклучен.
Српската пејачка Ангела Вујовиќ, попозната како Ангелина, е еден од кандидатите за претставување на соседна Србија на овогодинешната Евровизија.
Песната со која ќе се претстави во Беовизија е наречена „Ланец“, а токму на Јавниот сервис на Србија гостувала со цел да ја промовира и претстави пред јавноста.
Меѓутоа, се чини дека за време на снимањето на утринската програма, дошло до расправија со водителката, а публиката можела се да слушне затоа што на пејачката микрофонот и останал вклучен.

@milicakulic098 Nova DRAMA 😩 #foryou #foryoupage #pze23 #pze22 #eurovision #angellina ♬ Lanac – Angellina


На ТикТок, се појавила снимката која го прикажува спорниот момент, а пејачката може да се слушне додека се жали на светлото и иронично се заблагодарува што го оставиле вклучено.
Иако не е позната причината за дискусијата, многумина веруваат дека пејачката со својата порака алудирала дека РТС ја саботира затоа што доаѓа од Пинк телевизија. Водителката наскоро преминала на друга тема без да се осврне на нејзините зборови.

Фото: Принтскрин/RTS


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …