Семејството на Том Сиземоре: „Нема надеж за нас, донесовме одлука за исклучување од апаратите“

Нема надеж за закрепнување на Том Сиземоре по аневризма на мозокот, рекло неговото семејство, пишува „The Guardian“. Тие потврдиле дека наскоро ќе мора да донесат одлука за исклучување од апаратите. 61-годишниот актер се наоѓа во кома на одделот за интензивна нега во медицинскиот центар Providence Saint Joseph, откако беше хоспитализиран на 18 февруари.
„Денес, лекарите го известија неговото семејство дека нема надеж и ја препорачаа одлуката за крај на животот. Семејството сега одлучува за крај на животот, а понатамошната изјава ќе биде издадена во среда“, рекол претставникот на Сиземоре, Чарлс Лаго.


„Ве молам за приватност за неговото семејство во овие сериозни времиња. Семејството сака да се заблагодари за стотици поддршка и молитви што ги доби. Ова беше тежок период за нив“, додал тој.
Сиземор, кој глумеше во филмови како Saving Private Ryan, Heat и Black Hawk Down, бил пронајден во несвест во неговиот дом во Л.А.-на 18 февруари за околу 2 часот наутро, откако колабирал по мозочен удар.


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …