Обрадовиќ: Честитки за играчите и навивачите за освоената АБА титула

– Тренерот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ, истакна синоќа дека заслугата за освоената титула во регионалната АБА лига им припаѓа на неговите кошаркари и армијата навивачи на „црно – белите“.

Партизан ја освои титулата откако во решавачкиот петти натпревар пред повеќе од 22. 000 гледачи во белградската Штарк Арена триумфираше над градскиот ривал Црвена ѕвезда со 96-85.


„Ќе почнам со тоа што мене лично ми причинува најголемо задоволство, а тоа е дека натпреварот беше одигран во фантастична атмосфера и оти навивачите на Партизан вечерва станаа шампиони во секоја смисла“, рече Обрадовиќ на прес – конференцијата по натпреварот.

За Партизан ова е седма титула во АБА лигата и прва од 2013 година. ег/сд/фото:Фејсбук .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 14.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ќе ве придружува добар работен ритам, имате многу енергија и без потешкотии ќе …