Објавен е конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” во 2023 година

Ве информираме дека Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” во 2023 година.

Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.


Конкурсот ќе трае од 1 до 30 јуни 2023 година.

Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура. 


Државна награда „Св. Климент Охридски” – Министерство за Култура (kultura.gov.mk)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …