НУ Центар на култура „Ацо Ѓорчев“ Неготино: „Најдобар глас 2018“

Во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино утре (30 април) повторно ќе се одржи традиционалната манифестација „Најдобар глас 2018“,  која годинава се одржува по 50. пат.
Станува збор за манифестација која половина век ги избира најдобрите гласови од Неготино и регионот. Како и сцена на која првите чекори ги направиле денес многу успешни изведувачи како Кристина Арнаудова, Ѓоко Ѓорчев, Мишко Крстевски и бројни други уметници кои и’ денес се успешни во оваа дејност.
Секако, успешните кариери кои започнале на „Најдобар глас“ се мотив повеќе за годинешните натпреварувачи кои ќе ги покажат своите квалитети и ќе се обидат да дојдат до престижната титула.
На овој настан учество ќе земат млади талентирани изведувачи на забавна и народна музика. Гости на вечерта ќе бидат Александар Мојсовски и Ѓоко Ѓорчев. Манифестацијата е подржана од Министерството за култура на Република Македонија и од Општина Неготино.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …