(ФОТО) Русија објавила список на заработувачка: Еве колкава е платата на Путин и што се друго поседува

Со цел да ја подобри одговорноста и довербата во руската влада, Кремљ го претставил списокот на заработка. Според официјалната листа Владимир Путин во 2017. година од плата заработил 18,7 милиони рубљи, односно околу 249.000 евра.
Во неговиот имотен лист пишува уште дека поседува стан од 77. квадрати, но некои медиуми соопштиле дека пописот не вклучува и земјиште од 1.500 квадратни метри, кое било наведено една година порано.

Коментирајќи за својата плата, Путин рекол: “Искрено речено, не знам ни колкава ми е платата. Ми ја носат, јас ја земам и ја ставам на мојата сметка. Дури и не ја бројам”. Путин поседува уште два спортски автомобили од советската ера, двете марка “Волга” од 1960. и 1965 година.
Борис Јелцин бил првиот претседател кој ги обврзал руските политичари да го објавуваат својот имот и годишна заработка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …