Новото момче на Данијела Мартиновиќ е инспектор за криминал и пејач во бендот „Изван закона“

Хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ неодамна откри дека повторно е заљубена, а нејзиното ново момче е полицаецот и музичар Јосип Плавиќ.
Данијела и 49-годишниот инспектор за криминал се сретнале поради кражба на нејзиниот идентитет на кој работел Јосип, а по расчистувањето на случајот продолжиле нивните телефонски разговори.


„Случајот брзо беше решен, а потоа нашата приказна почна да се развива. Се’ започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи на животот и светот околу себее, па дури и некои соништа“, рекла пејачката и додала дека моментално се чувствува како да е во бајка.
Како што дознава Слободна Далмација, Јосип имал еден брак во кој добил ќерка, а со поранешната сопруга е во добри односи. На неговите пријатели на почетокот им било чудно бидејќи тој и Данијела се поврзале бидејќи физички се сосема различни. Имено, Данијела е ситна, додека Јосип е висок, силен и јак.
Јосип во забавните кругови е познат и како рок пејач кој е дел од бендот „Изван Закона“, а свири на гитара и пишува музика за текстови на кои автор е негова колешка за криминалистка.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Низ нишките на времето“ – Изложба и уметничка средба

Вечерва во Францускиот институт во Скопје, со почеток во 18:00 часот, ќе имате можност да …