(ВИДЕО) Кристијан (7) првпат се истрижал и ја донирал косата на децата од Бања Лука болни од рак

СЕДУМГОДИШНИОТ Кристијан Кусоњиќ од Босна и Херцеговина не ја скратил косата од своето раѓање, а сега се одлучил на тој чекор – да им помогне на другите.
Кристијан ја донирал својата коса на Здружението на родители на деца со малигни заболувања „Искра“ од Бања Лука. „Кога мајка ми ми кажа дека наскоро ќе се шишам, ја прашав: ‘Мамо, можам ли да ја дадам мојата коса на мало девојче?’ Таа ми рече дека секако можам да го направам тоа, но дека мора да се распраша како оди тоа. Многу сакав некој да биде среќен што има коса“, изјавил Кристијан за „Козарски вјесник“.


„Дојде тато и рече дека за неколку дена ќе се шишам и дека сето тоа ќе се емитува на ТВ Приједор. Бев возбуден и мислев дека ќе ми биде чудно без косата на која бев навикнат, но и мислев: ‘Па, сега ќе бидам вистински маж, повеќе нема да ми кажуваат на улица дека сум девојче’“, се пошегувал тој.

Борец од раѓање
Неговите родители откриле дека Кристијан отсекогаш бил борец.
„Како бебе беше префрлен во Бања Лука поради неговите респираторни проблеми и беше на вентилатор 13 дена. Сето тоа беше многу тешко за сите нас. Му благодарам на Бога секој ден што го спаси и што ни даде такво дете. Ова е најмалку што можевме да направиме за децата на кои навистина им треба коса. Немам зборови да опишам колку сум горд на мојот син“, рекол таткото на Кристијан.


Здружението „Искра“ не ја крие благодарноста.
„Кристијан е прекрасно дете. Како мало дете сфати дека среќата треба да се дели. Децата се наши донатори, а кога на рана возраст ќе ја сфатат важноста да донираат нешто што повеќе не им треба, тогаш тоа е навистина важно. Поддршката од врсниците за нашите деца е важна, особено адолесцентите кои се на чувствителна возраст.За нив физичкиот изглед е нешто што многу им значи во тој момент.Кога ќе им опадне косата поради терапија, периката е нешто што им дава доверба дека можат полесно да чекорат во борбата против болеста.Косата ја собираме како дел од проектот ‘Твојата коса, мојата коса’ заедно со здружението ‘Сараево Срце за деца’. Таму има работилница каде се прават перики за девојчиња на кои им требаат, а мерењата се земаат поединечно за секој од нив“, изјавила Катица Керкез, менаџер на „Искра“.

Фото: Принтскрин/Kozarski vjesnik


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …