Ново видео од Druggy и Кацар – Да ве чујам

„Излезе новиот видео спот од Druggy и Кацар насловен Да ве чујам. Видеото е изработено од Доан Акити, а може да се најде на YouTube каналот на TDFU (TrapDaFuckUp).

Синглот е најава за албумот на Druggy кој го носи името Druggy Гледачи. На проектот ќе преовладуваат колаборации со македонски хип-хоп артисти, а соработката со Кацар е првата песна од албумот која излегува во етер. Албумот е во целосна продукција на Druggy (читај Драги), кој долги години е зад продуцентската палка на влијателни дела во македонскиот хип-хоп.”


 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …