Нов меѓународен успех на Кокан Димушевски

На седумнаесетото по ред, културно меѓународно биенале Тактонс, најважниот настан за тон мајсторите од регионот, македонскиот композитор, продуцент и клавијатурист Кокан Димушевски, повторно е добитник на првата награда, во силна конкуренција од преку 120 врвни изведувачи.
Во организација на Радио Телевизизија Војводина, од 6 до 9 ноември, учество зедоа најзначајните РТВ центри од Европа, најдобрите тон мајстори со своите тонски снимки. Кокан Димушевски, за разлика од останатите, го покажа своето повеќедимензионално творештво – не само како тон мајстор, туку и како автор на дело и како изведувач.
Оваа награда за него е петта по ред, односно во изминатите 10 години тој во континуитет е добитник на прва награда или гранд при на ова значајно музичко случување. Тактонс, се одржува од 1983-тата година. На секои две години им овозможува на најуспешните тон мајстори од Европа, професионално вреднување на техничкиот квалитет на звучните записи врз основа на однапред единствено дефинираните субјективни и објективни параметри.
Како најнаградуван продуцент, Димушевски беше поканет да одржи работилница и да ги презентира своите достигнувања на полето на креативната примена на современите технологии во областа на радиото и телевизијата. Успехот на овој сестран музичар го вреднуваа и Би-Би-Си и Радио Франција кои му доделија плакети за неговите заслуги на полето на радиофонското обликување.
Пред престижната награда на Тактонс, оваа година Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ на Кокан Димушевски му ја додели и наградата за животно дело „Трајко Прокопиев”. Истата претставува највисоко професионално признание кое СОКОМ го доделува на музички творци и музички писатели за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

SoundEdge објавија две нови песни

Музиката што долго време лебдеше во воздухот на SoundEdge студиото, што излегуваше и влегуваше од …