(ФОТО) Борба на хероината од „Истанбулска невеста“: „Дислексијата е секојдневен животен проблем!“

Се разбира, како што пораснав и се едуцирав, така и моето мислење се промени. Денес, не ја гледам дислексијата како главен животен проблем. Само е отежнувачка околност да се справиме со нештата, а вистинските проблеми се болест, сиромаштија или губење на некој близок…


View this post on Instagram

@gulumerzincan @gozdeuresingorgul 🌺 @defacto 🎬


A post shared by Asli Enver (@aslienver) on


Актерката која ја глуми Суреја од Истанбулската невеста страда од дислексија, но и покрај сите предизвици таа не се предава.
Асли Енвер е една од омилените актерки во Турција, а нејзиниот лик на Суреја во серијата „Истанбулска невеста“ е една од нејзините најголеми улоги во кариерата. Таа има 35. години и веќе е меѓу најпопуларните турски актерки на сите времиња.


Родена е во Лондон каде живеела се додека не наполнила дванаесет години, па потоа се преселила во Турција.

За популарната актерка искачувањето на престолот не било лесно, бидејќи актерката се бори со дислексија, па и треба малку подолго за да го научи секој текст. Но, таа научила како да се справува со предизвиците! Нејзината мајка и помогнала во сè.

„Мајка ми ме праша дали сакам да се занимавам со уметност. Избрав глума. Тоа не ми изгледаше така лошо. Таа ме испрати на курс. Значи, да, мајка ми ми помогна“, рекла актерката во една прилика.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува …