Никол Кидман во хит серијата „Special Ops: Lioness”, ексклузивно на SkyShowtime

Кандидатот за Оскар, познат и како креатор на повеќе хит серии („Yellowstone“, „1883“) Тејлор Шеридан ја промовираше новата серија „Special Ops: Lioness” со Никол Кидман и Зои Салдана во главната улога. Серијата е инспирирана од вистинска специјална програма на ЦИА која користела женски воени лица, прво едноставно за пребарување на локалните жени за време на операциите во Ирак и Авганистан, а потоа за дистрибуција на информации меѓу нив и собирање информации.

Сместена среде суровиот свет на војната и конфликтот, новата серија „Special Ops: Lioness” се фокусира на мисијата предводена од жени, чиј живот не застанува во моментот кога ќе ја облечат воената униформа. Оваа серија ќе ве освои со одличната глума и тензичното сценарио на Шеридан, кое ќе направи да се чувствувате тензично додека ги гледате епизодите, исто како да ги познавате главните ликови од серијата или пак да сте таму на военото поле заедно со нив.


„Special Ops: Lioness“, инспирирана од вистинска воена програма на САД, го следи животот на Џо (Салдана) во обидот да одржи рамнотежа меѓу личниот и професионалниот живот како човек од првите редови на ЦИА во војната против тероризмот. Во програмата „Lioness“, што ја предводат Кејтлин Мид (Кидман) и Доналд Вестфилд (Кели), се запишува агресивната маринка со име Круз (Де Оливеира) во тајна операција заедно со Џо како сива еминенција во полето на тероризмот во државата при напорите на ЦИА да спречи следен напад од типот на 9/11.

Трејлер: https://youtu.be/IljG0a1YEck?si=vHgoTHwFB2oQuCGh


Во „Special Ops: Lioness“ играат и веќе познатите ѕвезди од повеќе серии: Дејв Анабел, Џил Вагнер, Ла Моника Гарет, Џејмс Џордан, Остин Хеберт, Џона Вартон, Стефани Нур и Хана Лав Ланиер со кандидатот за „Еми“, Мајкл Кели. Извршни продуценти на серијата се Тејлор Шеридан, Дејвид Си Гласер, Зои Салдана, Никол Кидман, Рон Баркел, Боб Јари, Дејвид Хаткин, Џил Вагнер, Гејер Косински, Мајкл Малоун и Џон Хилкоут

Серијата може да ја погледнете ексклузивно на стриминг платформата SkyShowtime, која од оваа година е достапна и во Македонија преку веб страницата: www.skyshowtime.com. Претплатете се и уживајте во часовите неверојатна забава заедно со SkyShowtime.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …