За Мирослав Илиќ ќе се снима филм, а веројатно ќе го глуми холивудската ѕвезда Роберт Де Ниро

За Мирослав Илиќ ќе се снима филм, а него веројатно ќе го глуми холивудската ѕвезда Роберт Де Ниро.

Менаџерот и пријател на пејачот Саша Мирковиќ открива дека по филмот за Аца Лукас подготвува уште еден кино хит.


– Мирослав Илиќ е жива легенда и заслужува неговото патување до ѕвездите од родното Мрчаево да биде прикажано и претставено пред многубројните почитувачи на неговиот лик и дело. Не сакам да чекам да умре за да снимам филм за него! Верувам дека тоа веќе го заслужи во текот на животот бидејќи постигна сериозен успех, но човекот е легенда – вели Мирковиќ и открива кому ќе ја понуди главната улога:

– Роберт де Ниро го гледам како идеален за главната улога, пред се поради годините, но и поради физичката сличност. Работам напорно да ја донесам таа холивудска ѕвезда во Србија! Не можам да ги откријам сите детали, но ќе ви кажам дека ќерката на Де Ниро, Дрина, обожава да ги слуша песните на Илиќ.


Извор: (Kurir.rs/Informer)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …